Ерхан Селими, стратегот на Шкендија го искоментира натпреварот со Вардар кој заврши 2:2.

„Ако некој ни го понудеше резултатов пред мечот, веројатно ќе бевме задоволни. Имаме активен резултат, но ние сме во предност поради двата постигнати гола. Но ако погледнеме како мина натпреварот, мислам дека лицата на играчите во соблекувалната по мечот покажуваат дека не се задоволни и дека сакаа победа. Да им честитам на сите за борбеноста, со оглед дека од 32-та минута игравме со играч помалку. Тие дадоа се од себе и јас сум среќен. Му честитам на Беким Реџепи за одличниот настап, и само да продолжи така.