Познати се составите за дербито во 1/8 финалето од Купот, кое ќе се игра во 15:30 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ меѓу Вардар и Шкендија.

И додека Вардар ќе игра со најдобриот состав, од непознати причини Ерхан Селими се реши да менува. Така во составот на Шкендија ќе ги нема голманот Костадин Захов кој не е ниту на клупата, потоа го нема репрезентативецот Бејтулаи, а на клупата за резерви ги остави Фелипе и Радески.

СОСТАВИТЕ ЗА ДЕРБИТО:

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Серафимов, Новак, Жуниор, Брдаровски, Мицевски, Најдовски, Цветаноски, Попзлатанов и Аврамовски.

РЕЗЕРВИ: Илиќ, Колевски, Велковски, Младеновски, Адем, Реџепи, Игнатов.

ШКЕНДИЈА: Реџепи, Мици, Мурати, Незири, Чешмеџиев, Алими, Тотре, Жуниор, Имери, А. Ибраими, Б. Ибраими.

РЕЗЕРВИ: Мустафи, Радески, Садриу, Зејнулаи, Мерџани, Фелипе, Хусмани.