„Еден клуб, една љубов – ФК Преспа“ со овој слоган фудбалскиот клуб Преспа вечерва во центарот на Ресен со прослава одбележа еден век постоење.

Се работи за фудбалски клуб кој што и покрај сите подеми и падови успеал непрекинато да опстои под истото име. Во историските книги пишува дека првиот натпревар ФК Преспа го одиграл на 12 јули 1919 година против тамочниот воен гарнизон сместен во Ресен. Првите дресови биле црвени.

Клубот сега се натпреварува во Третата лига-југозапад, а долги години бил во Втората лига, дури и во Првата македонска лига во рамките на поранешна Југославија.