И дефинитивно Манчестер Јунајтед е во криза, а тоа се покажа и вечерва во „Карабао Купот“ каде што на големиот фаворит дури преку пеналите се пласираше во следното коло со Рочдејл, членот на Лига 1 (трета лига во Англија).

Се одеше добро за Јунајтед на стартот од вториот дел кога Гринвуд погоди за водство. Сепак, Матесон израмни во 76. минута, и до крајот немаше промени.

Во пенал серијата, Јунајтед ги погоди сите пет, додека Рочдејл не реалзиираше во втората серија, и така Јунајтед оди во следната фаза.

Претходно од овој куп беше елиминиран тимот на Вест Хем кој што со 4:0 беше поразен од Оксворд Јунајтед. Ливерпул, Астон Вила, Челзи, Сандерленд, Вулверхемптон исто така е пласираа во следната фаза, а таму е и Бартон кој го елиминираше Бурнмут.