Денеска од 15:30 часот, во сенка на големото дерби меѓу Вардар и Шкендија, се играат и останатите први седум натпревари од 1/8 финалето во Купот на Македонија.

Секако се очекува да биде интересно на мечот во Штип, каде Брегалница ја дочекува Македонија ЃП. И двете екипи, иако „сините“ се второлигаши“ имаат големи амбиции во ова натпреварување. Штипјани иако се второлигаши, никако не се аусајдери, напротив. Има овој тим што да покаже.

Работнички пак му гостува на Пелистер, со оглед на тоа дека реваншот се игра во Скопје, тимот од Градски парк е во голема предност, па ако сакате и поради разликата во квалитет која е на страната на „романтичарите“.

Интересно ќе биде на уште еден второлигашки – прволигашки дуел, а тоа онаа средба во Кавадарци, каде забревтаниот Тиквеш ја дочекува Ренова. Ова  е еден од најинтересните дуели во ова 1/8 финале. На Чаир новиот тренер на Шкупи Ќатип Османи ќе го има своето деби, и тоа против секогаш незгодниот Силекс. А. Пандев го дочекува Осогово и сите дилеми треба да ги реши уште денеска. Во Струга се игра Езерското дерби меѓу Лабуништа и Охрид, и на крај во Велес силите ќе ги одмерат прволигашите Борец и Струга ТЛ. 

 

ДВОЈКИ – ДЕНЕСКА 15:30 Ч

СТРУМИЦА: А. Пандев – Осогово

ШТИП: Брегалница – Македонија ЃП

СКОПЈЕ: Шкупи – Силекс

БИТОЛА: Пелистер – Работнички

КАВАДАРЦИ: Тиквеш – Ренова

СТРУГА: Лабуништа – Охрид

ВЕЛЕС: Борец – Струга ТЛ

СКОПЈЕ: Вардар – Шкендија