Позната е казната за Агим Ибраими поради црвениот картон и нападот на судијата за време на натпреварот од 2. квалификациско коло од Лигата на Европа против Дуделанж на гостински терен.

УЕФА го суспендираше Ибраими да не игра една година во европски натпреварувања. Тоа значи дека доколку остане дел од Шкендија, нема да може да игра во меѓународните мечеви, или доколку замине во друг клуб кој ќе игра во Европа. Право за настап би имал дури во групна фаза доколку успее да се пласира неговиот тогашен тим.

Ибраими во последните мигови од средбата со Дуделанж, доби црвен картон по што му се закануваше на судијата, и го удри. УЕФА немаше милост, и драсконски го казни фудбалерот кој што веројатно ќе ја пропушти цела европска авантура идното лето.