Според англиските медиуми, Димитар Бербатов веќе некое време работел како скаут на Манчестер Јунајтед, иако пред само неколку дена објави крај на играчката кариера.

Тој веќе неколку месеци бил ангажиран хонорарно како „скаут“, но според шпекулациите, сега би можел да биде на повисока функција. Дури се споменува дека го чека местото спортски директор во неговиот поранешен клуб за кое во комбинација се уште и Рио Фердинанд и Патрис Евра.