Словенија се пласираше во финалето на Европското првенство, откако го урна светскиот првак Полска совладувајќи со 3-1. Домаќинот за континенталното натпреварување по вторпат во својата историја се најде во битката за залтен медал.

Двете репрезентации одиграа неверојатен натпревар по преполната сала „Стожице“. Противникот кого Македонија го совлада во групната фаза го доби првиот сет со 23-25, и покрај тоа што стартот им припадна на Полјаците. Словенците носени од добрата атмосфера се вратија и поведоа со 1-0. Полска се врати во следниот сет добивајќи го со 26-24.

Не се откажаа „змајчеките“ го одиграа најдобриот меч во својата историја, ги добија следните два сета со 22-25 и 23-25.

Најефикасен кај Словенија беше капитенот Урнаут со 18 поени и Цебуљ со 15 поени, на другата страна Венеро имаше 22 поени.

За противник во битката за злато ќе го имаат подобриот од Србија и Франција.