Македонската футсал репрезентација загуби со 9:5 на вториот контролен натпревар против Босна и Херцеговина одигран во Бихаќ. Нашата селекција имаше само гол негатива до 35. минута кога Босанците водеа со 6:5, но во последните минути примивме три погодоци за убедлива победа на домашните футсалци.

Два гола за македонската репрезентација постигна Седат Зибери, по еден во мрежата на БиХ дадоа Исмаили, Петровиќ и Исмет Чека.

Босна и Херцеговина – Македонија 9:5 (4:3)

1:0 Радмиловиќ (11′), 2:0 Радмиловиќ (11′), 2:1 Зибери (15′), 3:1 Павловиќ (15′), 3:2 Исмаили (17′), 4:2 Бошковиќ (17′), 4:3 Петровиќ (19′), 5:3 Радмиловиќ (30′), 5:4 Зибери (31′), 6:4 Кахвеџиќ (33′), 6:5 Чека (34′), 7:5 Перковиќ (36′), 8:5 Алаџиќ (39′), 9:5 S. Иванковиќ (40′).

Во првиот меч на овие две селекции одигран пред два дена резултатот беше нереше, 3:3.