Иако изминатото лето беше блиску, сепак, „кам-бекот“ на Нејмар во дресот на Барселона не се случи. Барса испраќаше понуди за Нејмар, ПСЖ секогаш бараше повеќе, па така Бразилецот на крајот остана во Париз.

И тоа придонесе навивачите на ПСЖ да се свртат против Нејмар, со оглед на фактот дека силно сакаше да се врати во Барселона.

Неговиот некогашен соиграч Дани Алвес, смета дека Нејмар еден ден ќе се врати на „Камп Ноу“.

„Сигурен сум дека Нејмар може да се врати во Барселона ако тоа го сака. Неговата среќа и понатаму е во Барселона. Мислам дека треба да си замине и да се врати во Барса. Неговото враќање е само прашање на време“, рече Алвес.