Милан се реши да го смени Џенаро Гатузо по завршувањето на минатата сезона, и на негово место да го назначи Марко Џампаоло, но се чини дека направи погрешен потег.

И сега италијанските медиуми наголемо пишуваат дека челниците на миланскиот гигант се подготовени одново да му ја дадат довербата на Гатузо.

На Џампаоло му се тресе клупата, откако имаше лош старт во сезоната со Милан. Милан не игра како што знае, не дава голови, а вчерашниот пораз од Торино се чини ја прели чашата.

Гатузо за малку не успеа да го изнесе тимот во Лигата на шампионите минатата сезона.