Уште на првиот ден од светското атлетско првенство во Доха добивме херој! Браима Сункар Дабо од Гвинеја Бисао се тркаше на 5000 метри, но не сакаше зад себе да го остави немоќниот ривал Џонатан Безби од Аруба. Го крена и заедно отидоа до целта после 18 минути од времето на победникот Селемон Берега од Етиопија.

Инаку, Дабо и Безби се единствени претставници на своите држави во Катар затоа што на тие Федерации им било дозволено да испратат само по еден атлетичар.