Пред утрешното дерби со Шкупи, во таборот на Шкендија се соочуваат со проблеми околу стартниот состав. Факт е дека тренерот Ерхан Селими нема да може да смета на Гледи Мици поради тоа што левиот бек „поцрвене“ на куп дуелот со Вардар. Уште поголем проблем задаваат повредите на голманот Костадин Захов и репрезентативниот стопер Егзон Бејтулаи. И двајцата се жалат на повреди, токму затоа тие не беа во тимот на Куп мечот со Вардар. Докторскиот тим на Шкендија прави напори да ги оспособи пред утрешниот меч, но дали и колку ќе се успее во тоа останува да се види.

Да потсетиме дека мечот утре на Чаир започнува во 15 часот а ќе има и ТВ пренос на Арена Спорт и МРТВ.