Откако селекторот Александар Ѓорѓевиќ го потврди своето заминување од селекцијата на Србија, денеска објава за завршување на репрезентативната кариера дојде и од искусното крило, Марко Симоновиќ.

Во изјава за српските медиуми, Симоновиќ потврди дека ова СП беше последното за него во дресот на репрезентацијата.

„Сите имавме многу голема желба да освоиме медал. И не само медал, туку да го освоиме тоа злато затоа што навистина чувствувавме дека можеме да го сториме тоа, имавме екипа, имавме хемија, игравме кошарка. Сепак, имаше еден слаб ден и тоа е тоа. За жал, морам да кажам збогум без медал. Очекував дека ќе имам медал за крај“, изјавил Симоновиќ.

„Одлуката ја донесов уште во квалификациите. Сега морам да се посветам на моето семејство, време е за помладите да играат, да преземат одговорност и се надевам да направат успех“, додал Симоновиќ, кој со Србија има две сребрени медали од СП 2014 во Шпанија и од Олимписките игри во Рио 2016 година.