УЕФА се реши да го одложи квалификацискиот натпревар за ЕП меѓу женските екипи на Косово и на Русија од безбедносни причини. Тој требаше да се игра на 4. октомври во Приштина, но истиот нема да се одигра, а датумот и местото на одигрување ќе бидат дополнително утврдени.

Европската куќа на фудбалот по дополнителни испитувања ќе донесе одлука каде ќе биде одигран овој меч.

Русија е прва со шест бода, додека Косово во групата има само три бода.