КК Кожув ги повика своите навивачи во што поголем број да дојдат на првиот сезонски меч во Првата лига, затоа што освен што тоа ќе биде еден од најбитните мечеви како за почеток на новата сезона, туку мечот ќе има и хуманитарен карактер.

„Во првиот натпревар од новата сезона го пречекуваме тимот на Охрид. Еден од најбитните натпревари во новата сезона за нас. Исто така натреварот ќе биде од хуманитарен аспект, парите од картите ќе бидат донирани за семејствата кои останаа без покрив над главата од страшниот пожар кој ја зафати нивната зграда. Да бидеме хумани и да го бодриме нашиот Кожув до првата победа сезонава. Ајде Гевгелија ајде Фантоми!!“, се вели во апелот на гевгеличани.

Дуелот меѓу Кожув и Охрид е на програмата на 5 октомври од 18 часот.