Тиквеш со голот на Иванов во 57.минута успеа со 1:0 да ја победи Саса и тоа во Каменица. Кавадарчани не блескаа, но одиграа како што треба и колку што треба. Со тоа ја задржаа лидерската позиција на табелата. Беласица немаше проблеми со Осогово, го победи со 3:0, исто и Кожуф славеше над тимот на Плачковица со истиот резултат. Милушев, Пановски и Мирчески беа стрелци за струмичани, а Терзиев, Костадинов и Танов за гевгеличани. Во Прилеп пак, екипата на Победа со 2:1 го победи Питу Гули. Утре се игра дербито во Пехчево, се среќаваат Кит Го и Брегалница.

РЕЗУЛТАТИ

САСА – ТИКВЕШ 0:1

ПОБЕДА – ПИТУ ГУЛИ 2:1

БЕЛАСИЦА – ОСОГОВО 3:0

КОЖУФ – ПЛАЧКОВИЦА 3:0

УТРЕ:

КИТ ГО – БРЕГАЛНИЦА

ТАБЕЛА

1.Тиквеш 16, 2.Беласица 15, 3.Кожуф 14, 4.Брегалница 10, 5.Кит Го 8, 6.Победа 6, 7. Саса 4, 8.Плачковица 4,9. Осогово 3, 10.Питу Гули 3.