Ретко кој се надеваше во Шкендија дека по само три недели повторно на клупата покрај теренот ќе биде Ќатип Османи, но сега како тренер на противничкиот тим. Секако дека еден од адутите на Шкупи пред денешниот дерби меч на Чаир треба да биде токму Ќато. Дали на Стенио Жуниор ќе му биде малку необично тоа што попладне ќе се случува.

„Што се однесува до тоа дека денеска ќе играме против нашиот поранешен тренер, за мене тоа е нормална работа, иако ние нема да играме против Османи туку против Шкупи. Јас имам максимален респект за Ќатип Османи и му посакувам многу среќа во новиот клуб, меѓутоа ние ќе се бориме за три бода. За нас е важна само Шкендија и победите на нашиот тим. На Чаир доаѓаме со серија од добри резултати, сакаме таа серија да ја продолжиме. Ние не криеме дека со секој минат натпревар сме се посилни. Секогаш е тешко да се игра на Чаир, Шкупи е незгоден тим, затоа сите сме сконцентрирани, со многу желба и со многу борба може да се дојде до победа“ изјави Жуниор.