По „шокот“ минатото коло од Ремс на домашен терен, ПСЖ се врати на победите и славеше на гостувањето кај Бордо со 0:1.

Стрелец на голот беше Нејмар кој што одлично прими една топка во шеснаесетникот и погоди во мрежата на противникот, за нова победа на парискиот тим.

Голот се случи во 70. минута, а на овој меч играше и Мбапе кој се врати од повредата.