Борусија Дортмунд направи нов „кикс“ во домашниот шампионат, односно одигра само 2:2 како домаќин против Вердер Бремен, и така „милионерите“ заостанаа три бода од Баерн Минхен на лидерската позиција.

Рашица уште во 7. минута донесе водство на Вердер, но Геце веднаш израмни, за до крајот на полувремето Ројс да донесе водство на „милионерите“ од 2:1.

И кога се чинеше дека Борусија има се под контрола, по еден изведен корнер, Вердер успеа да израмни преку Фридл. Борусија до крајот имаше многу шанси, но не успеа да постигне трет гол, и така остана само со еден освоен бод од овој меч во кој ја имаше фаворизираната улога.