На малерите во Барселона им нема крај. Отсуството на Лионел Меси каталонскиот гигант го наплати со игра и резултат, Ернесто Валверде нема соодветна замена за Аргентинецот.

Како привремено решение за одново повредниот Меси требаше да биде Ансу Фати, како втора опција е Дембеле. Но, Фати пред гостувањето кај Гетафе отпадна од комбинација поради проблем со десното колено.

Валверде се најде во незгодна ситуација, остана само со една резерва, Дембеле.