Пет од шесте натпревари денеска завршија со победи на гостите. Ќе видиме што ќе направат Борусија Дортмунд и Вердер чиј меч почнува во 18.30 часот, но другите натпревари кои започнаа во 15.30 завршија со триумф на гостинските екипи.

Четири дадоа по три гола, а само Волфзбург триумфираше со 1:0 кај Мајнц. Баер Леверкузен го здроби Аугзбург со 3:0, а со истиот резултат и Менхенгладбах го „утепа“ Хофенхајм. А Шалке изненадувачки, му го нанесе првиот пораз на РБ Лајпциг. Го победи на негов терен, а до пред крајот имаше водство од 3:0 (голови на Сане 29, Харит 43’ и Матондо 58 минута), а намали  Емил Форсберг.

Баерн потешко од очекувањата ги зема бодовите од Падерборн. Шампионот поведе со головите на Гнарби во 15 и Кутињо во 55 минута. Претходно домашните можеа да изедначат кога Тијаго и Ноер за малку ќе направеа глупост. Имено играчот на Баерн ја врати топката до својот голман но не виде дека тој истрчал напред, па германскиот репрезентативец се враќаше да ја спаси својата мрежа. Прегер намали на 1:2, а веднаш потоа Левандовски зголеми на 1:3, за потоа Колинс повторно да намали на 2:3 и да донесе доза на неизвесност во финишот. Меѓутоа Баерн искусно го сочува резултатот.

Standings provided by Sofascore LiveScore

ПАДЕРБОРН – БАЕРН 2-3

РБ ЛАЈЦПИГ – ШАЛКЕ 1-3