Шкупи успеа на многу елегантен, на паметен начин да го урне шампионот. Да го победи среде Чаир, да ги израдува своите фанови, а Шкендија нека се замисли. Не дека тетовци играа којзнае како слабо, но не погодија пенал, а на вакви мечеви тоа  се казнува. Сега Ќато и Јурина се хероите на Шкупи. Сега е време за славење, оваа победа доаѓа по цели три години во меѓусебните дуели. Досега чаирчани беа „пациенти“ на Шкендија, сега Шкупи со Ќатип Османи е некоја друга димензија.