По убедливиот пораз од Шведска на гостински терен на статот во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, Македонија денеска (18 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекува репрезентацијата на Чешка во меч од второто коло.

Резултатот од оваа пресметка ќе биде патоказ за продолжнието во овие квалификации, доколку избраничките на Симе Симовски забележат нов пораз во тој случај сонот ќе згасне, само првите две репрезентации од секоја група ќе се најдат на континенталното натпреварување.

Симовски направи една измена во ростерот во споредба со дуелот против Шведска. На местото на левиот бек Леонида Гичевска, влезе пивотменот Јана Калајџиевска.

Чешка не е поразличен од Швеѓанките, на првиот меч на домашен терен славеше убедливо против Португалија со 31-20 и најавија битка за врвот на табелата во нашата група 5.

Против оваа репрезентација немаме голема историја на меѓусебни пресметки, досега само еднаш сме се сретнале и тоа во 2012 година, двете селекции одиграле пријателски меч, кој им припаднал на чешките ракометарки (22-32).

Влезот за денешниот натпревар е бесплатен, девојките посакуваат поддршка од трибините во обидот да дојдат до двата бода.