Еурофарм Работник ниту во третиот обид не успеа да дојде до првата победа во Лигата на шампионите. Битолчани имаа шанса, па и водство од пет гола, но паднаа во одлучувачките минути.

„И честитам на Бидасоа Ирун за победата. Не би рекол дека игравме добро само во првото полувреме, добро отворивме и во вториот дел, но промашивме во неколку чисти ситуации, направивме глупост со тие две минути исклучување на крајот, нешто што не смее да си дозволиме против ваков тим.

Останува да се одмориме и да се собереме, не чека меч со Веспрем во ЛШ“, изјави тренерот на битолчани.