Можеби многумина не очекуваа дека Вардар со овој играчки кадар, со еден „куп“ млади фудбалери во екипата, без искуство, ќе биде на врвот на табелата по седум одиграни кола. И оние кои очекуваа, сигурно дека не очекуваа ќе бидат сами на врвот, и со девет плус пред Шкендија.

Пенал или не против Академија Пандев, тоа е најмалку важно за Вардарци. Тие знаат како да прослават врв. Со своите навивачи, а во еден миг фудбалерите и тренерот „клекнаа“ пред своите симпатизери.

Сега следува она најважното за Вардар. Дуелот со Шкендија во Тетово. Преживее ли таму лидерот, ја задржи ли разликата, со големи шанси да презими на врвот.