Заборавија или нешто друго е во прашање? Вардар не му оддаде почит на својот поранешен тренер Вукашин Вишњевац, кој почина во четвртокот.

Вишњевац беше творецот на онаа шампионска генерација, и навистина е чудно зошто „црвено-црните“ не му оддадоа почит на неговото дело.

Многумина од овие кои се дел од Вардар веројатно не го паметат Вишњевац, меѓутоа и тоа како заслужи последна почит од својот поранешен клуб.