Запрепастувачки фотографии стигнаа до редакцијата на СПОРМЕДИА од загрижени родители, чии деца денеска се натпреваруваат во Олимпискиот базен во Скопје.

Чудно, но вистинито хигиената во нашиот најголем базен е во очајна состојба, местата резервирани за гледачите се покриени со тон прашина и измет од птици. Прашање е како може да се довзоли во еден затворен базен каде дневно минуваат бројни пливачи да прелетуваат птици, и не само тоа, туку да владее ваков хаос.

Добро е познато дека птиците знаат да бидат преносители на најразлични болести, а секако нечистотијата да се пренесе и во другите делови на базенот.

Револтираните родители мораа сами да ги исчистат седиштата за да можат да ги гледаат своите деца.

„Плаќаме 180 денари за да можат децата да се натпреваруваат. И не е само едно дете, денеска има околу 100-на деца. Кога пристигнавме останавме во неверување. И од фотографиите може да се види колку е нечисто, можат да видат измети од птици, сите седишта се покриени. Прашуваме како може да се доволи овој базен да се најде во ваква состојба“, ни изјави родителите.

Во едно модерно време, ова е срамна фотографија. Ако се прашуваме зошто спортски не одиме напред одговорот го добивме денеска. Немаме спортска култура за да бидеме на рамниште на некои други земји.