Нејмар беше стрелец на единствениот гол на дуелот меѓу ПСЖ и Бордо во рамките на осмото коло во Лига 1.

Бразилецот поради повреда го пропушти стартот на сезоната, но во кам-бекот постигна три гола во три победи на францускиот првак. Летоска беше поврзуван со трансфер во Барселона, што пак ги разлути фановите на „светците“. Дел од нив истакаа бројни транспаренти: „Не сакаме сра*а во Париз“.

„Јасно ми е дека на дел од фановите им е тешко, исто како што е јасно дека јас сум фудбалер. Немам посебна порака до навивачите со таков став. Во продолжение на сезоната ќе играм како на гостински терен. Навистина голема штета јас немам ништо против нив“, рече Нејмар а потоа ги спореди со припадничките на женскиот пол.

„Ова е исто како со жените, понекогаш ќе се скараш, па потоа ќе зборувате. Но, како во љубовта работите не можат да се вратат по старото. Тука сум да им помогнам на момците“.