Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, повторно е во центарот на вниманието, особено поради неговиот нарушен однос со навивачите на клубот. По летната сага околу неговото заминување од Париз, навивачите на францускиот шампион се свртеа против него и постојано го исвиркуваат.

„Ги разбирам навивачите и знам дека е многу тешко за нив, но засега јас сум играч на ПСЖ. Навикнат сум да ме исвиркуваат. Не ми пречи. Се чувствувам како да сум гостин на секој натпревар. Нашите односи се слични со ние со жената. Понекогаш се карате и не зборувате, но имате љубов и повторно ја воспоставувате вашата врска. Јас сум тука да му помогнам на ПСЖ и ако треба ќе го оставам животот за овој тим“, заврши Бразилецот.