На капитенот на машката одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев за еден поен му „побегна“ изедначувањето на рекордот стар 12 години, за најмногу освоени поени на еден натпревар.

Бројката изнесува 38 поени и ја има поставено Порториканецот Ектор Сота, на СП 2006 година во Јапонија, додека нашиот коректор постигна 37 поени на натпреварот против Белорусија во групната фаза на Европското првенство во Љубљана.

И додека на Ѓоргиев му недостасуваше еден поен, српскиот репрезентативец Александар Атанасијевиќ успеја да го направи тоа во мечот против Франција, во полуфиналето, во Париз, кое Србите го добија по пет сета.