Македонската одбојкарска репрезентација направи скок од две места на најновиот ранкинг на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) по последниот настап на европското првенство во Словенија. На последното рангирање објавено денеска, Македонија е на 21. место со 152 бода, со што успеавме да го повториме нашиот најдобар пласман кој го имавме во 2014 година.

Во креирањето на листата на ЦЕВ се земаат остварувањата од последните две изданија на европските првенства, последното издание на светското првенство (вклучувајќи го и целосниот европски процес на квалификации, настапите во Светската лига и Европската лига од 2017 година.