Србија е новиот европски првак во одбојка. Во финалето одбојкарите на нашиот северен сосед ја совладаа Словенија со 3-1  (19:25, 25:16, 25:18, 25:20) за доминација во овој спорт, претходно и Србинките се искачија на тронот на Европа.

Златото се славеше на големо, а на социјалните мрежи излезе видео-снимка од автобусот. Ечеше песната: Косово, земјо моја сакана.