Фудбалерите на Фиорентина на „Сан Сиро“ го совладаа Милан со 3-1. На листата на стрелци се запиша и Френк Рибери, кој во 78. минута издрибла двајца фудбалери на противникот за 3-0.

По овој меч 36-годишниот Французин беше добро расположен, дури и се пошегува на своја сметка.

„Среќен сум. Кога играте на Сан Сиро, секогаш е посебно. Голем стадион, голем број на навивали. Во моментов на фановите на Милан им е тешко, но ние пруживме добра игра и тоа е најважно за нас.

Точно е дека сум старм но на теренот се чувствувам младо. Фудбалот е мојот живот. Бев гладен кога дојдов во Фиорентина, ме радува што тимот работи многу. Среќен сум, но мора да тренирам секоја ден, секоја недела за да играм вака добро како на оваа средба“, рече Рибери.