Покрај најдобрите голови, одбрани и најдобриот тим, по секое завршување на колото на официјалната страница на ЕХФ можеме да ги прочитаме и легендарните изјави на тренерите и играчите. Во оваа топ-листа се најде и Тимур Дибиров, тој по завршување на дуелот со Мотор Запорожје даде интересно видување.

„За време на мечот постојано слушав една рокенрол песна. Оваа музика ме потсети колку може да биде возбудлива брзината, но истовремено ме потсети на небалансот меѓу одбраната и нападот“, рече Дибиров.

Дибиров беше прв стрелец во редовите на Вардар, постигна девет гола од 12 обиди во минималниот триумф од 31-30.