По трет пат во својата историја Србија е на европскиот трон, откако во големото финале на ЕУРО Волеј 2019 со 3:1 го победи ко-организаторот Словенија.

Србите попладнево во 13 часот пристигнаа во Белград, но пред да ја дочекаат главната фешта со нацијата која се случи вечерва на плоштадот во престолнината, беа примени од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и градоначалникот на Белград и на уште четири градови.

Златните момци си добија и дипломатски пасоши кои утре официјално ќе им ги врачи министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ…

 

МВП на ЕП, Урош Ковачевиќ, најдобриот поентер на Србија, Александар Атанасијевиќ, капитенот Немања Петриќ… сите се најдоа на терасата на општинската зграда во Белград и го промовираа европскиот пехар пред околу 7.000 свои сонародници.