Шкендија, актуелниот шампион, долго, долго време ќе го памети Марин Јурина, напаѓачот на Шкупи. Ретко кој досега на тетовци им дал два гола а притоа имал и уште четири зицери, идеални шанси. Се чини дека Шкендија добро и мина. И затоа Босанецот во дресот на Чаирчани е играч на 8. коло. Покрај него од Шкупи во тимот на колото на СПОРТМЕДИА се и Стојановски, Тулио и Адили. Од Вардар, кој одигра не така добро, но сепак победи со А. Пандев, тука е стандардно добриот Најдовски. Од Ренова пак во тимот на колото се Селмани и Зука, а од Македонија ЃП која среде Струга ја совлада добрата екипа на Струга ТЛ, во најдобрите единаесет се Божиновски секако, Блажевски и Нето. И од Силекс е Милош Жеравица, кој постигна фантастичен гол за победа над Работнички.

ИГРАЧ НА КОЛО

МАРИН ЈУРИНА

Тим: Шкупи

Роден: 26.11.1993

Кариера: Хајдук, Приморац, Зрињски, Задар, Етелбрук, Чапљина, Копер, Анкаран, Кршко, Челик