Големото дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ во рамките на 7. коло на Премиер лигата заврши без победник 1:1. „Црвените ѓаволи“ повторно одиграа слаб меч и повторно не победија па сега се дури на 10. позиција на табелата.

Мечот почна со многу нервоза и по првите 40 минути судијата Кевин Френд подели четири жолти картони. А пред крајот на првото полувреме младиот играч Стив Мек Томинеј го доведе Јунајтед во водство. Тоа беше супер погодок на 22-годишниот играч за врска и трет во дресот на Манчестер Јунајтед.

Во второто полувреме, поточно во 58 минута Арсенал изедначи. Сака асистира, Обамејанг го погоди голот. Прво линискиот судија го крена знаменцето за офсајд, но главниот судија доби сигнал од ВАР собата дека погодокот е регуларен. Френд покажа на центарот, а голот на Габонецот се важи.

Ремито повеќе му одговара на Арсенал кој сега е четврти на табелата.

Да кажеме и дека Бакајо Сака со 18 години и 25 денови е најмладиот фудбалер кој стартувал на премиерлигашки дуел помеѓу Јунајтед и Арсенал. Пол Погба го одигра 100 премиерлигашки натпревар.