Манчестер Сити е шампион на Англија, прерасна во голем  клуб, почна редовно да игра во Лигата на шампионите но и понатаму се бори со бројот на навивачи на трибините, односно малата посета која ја има англискиот шампион, посебно кога станува збор за Лигата на шампионите.

„Етихад“ со години зјае празен во елитното европско клупско натпреварување и тоа најмногу се однесува на групната фаза. Во 2. коло Сити го пречекува Динамо Загреб, а тренерот Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим мора да ги „заведе“ своите навивачи за тие да се вратат на трибините.

Моите момци заслужуваат полни трибини, но ние едноставно мораме да ги заведеме своите навивачи. Знам дека им е поважна Премиер лигата од Лигата на шампионите. Меѓутоа, ако сакаме чекор напред и во тоа натпреварување тогаш ни е потребна поддршка“, изјави Гвардиола кој додаде:

Мислам дека големо влијание врз слабиот број има и минатото. Цели генерации не навикнале на европски натпревари. Нашите навивачи повеќе би седеле во некој паб, би биеле пиво и би гледале Јунајтед-Ливерпул отколку да дојдат да не гледаат нас во ЛШ. Таква во моментов е културата“, вели Шпанецот.