Дејан Кулушевски е момчето кое во Серија А очигледно дека сезонава доста ќе се говори. Македонецот со шведски пасош го постигна својот деби гол за тимот на Парма сезонава, а во триумфот над Торино забележа плус и асистенција. Одлична изведба на младиот напаѓач кому сите му предвидуваат светла иднина.

Тој пак, не го заборава минатото, потеклото па затоа на мечевите настапува со специјално дизајнирани штитници. На нив покрај фотографиите од неговото семејство, се наоѓаат и знамињата на Шведска но и на Македонија. Кулушевски не ја заборави земјата од која потекнува, а што е уште побитно за нас никогаш јавно не се ни откажа од нашиот национален дрес.

Да, тој во моментов настапува за Шведска но има само 19 години, и е сеуште актуелен за нас. Нема настап за сениорската селекција на земјата каде што е роден, што секако нас сеуште ни дава право да се надеваме дека тој ќе ги промени националните бои. Сепак, да бидеме реални со оглед на фактот како Кулушевски напредува, и во каква форма е во моментов, реално е набргу да се очекува тој да добие А репрезентативен повик за Шведска. Затоа, ние не смееме да седиме со скрстени раце, мора да се впуштиме во мисија на придобивање на овој исклучително квалитетен млад фудбалер кој со деветнаесет години веќе е стандарден во најсулната Италијанска фудбалска лига.

Само за потсетување своевремено тој и настапи за Македонија, на пријателски турнир во Скопје, но Шведска одамна знае за каков фудбалер се работи па направи се Кулушевски засега да настапува за неа. Во секој случај, ние сме горди на младоиот играч што прераснува во класа фудбалер, а што ќе се случи понатаму останува да видиме.