Членот на Базел, Кемал Адеми кој има потекло од Косово, но има и швајцарски пасош, одбил да игра за селекцијата на нашиот северен сосед.

Адеми кој игра во одлична форма, и од првите шест меча има шест голови, ги одбил Косовците, со намера да игра за Швајцарија во иднина.

Ова е добра вест и за нашата селекција која го има Косово за можен ривал во Лигата на Нации. Косово освен за Адеми, се интересира за уште неколку играчи кои имаат потекло од оваа земја.