Жарко Пешевски направи голем чекор во својата кариера. Македонскиот репрезентативец игра во Бундес-лигата, во дресот на Штутгарт. Пикерот кој со својот нов тим и натаму ја чекаат првата сезона, во интервју за официјалниот сајт на клубот пренесе дел од импресиите.

„Секој професионалец сака да игра во Бундес-лигата, најдобрата во светот“, вели Пешевски.

Репрезентативецот одлично се чувствува во Штутгарт и тоа благодарение на сите во тимот.

„Сите, од соиграчите до вработените во тимот ми помогнаа брзо да се прилагодам на новата средина, и за тоа сум благодарен. Единствен проблем ми е германскиот јазик. До сега не сум имал контакт со овој јазик, но се надевам дека со текот на времето ќе напредувам“.

За Пешевски секој меч во Бундес-лигата е посебен, вели дека ужива во мечевите.

„Среќен сум што играме пред полна салата. За мене секој меч е посебен, секој меч е тест. Уживам во секој момент“.

Штутгарт е на 17. место на табелата во Бундес-лигата со скор од едно реми и пет порази, и меч помалку.