Младата селекција на Франција до 19 години, со 10:0 ја совлада Македонија во првото коло од квалификацискиот турнир кој се игра во Скопје, на тренинг центарот на ФФМ.

На полувреме Французинките имаа само 2:0 предност, а во вториот дел додадоа „гас“ и постигнаа осум гола.

Шапел постигна три гола, два Диаби, и по еден Мбакем-Ниаро, Енинге, Хамиду, Носин и Захо.