Двократниот шампион во Формула 1, шпанскиот возач Фернандо Алонсо, чиј последен тим беше Мекларен, објави дека не планира да се врати во шампионатот во блиска иднина.

„Немам намера да се вратам во Формула 1 на краток рок. Минатата година решив да го напуштам шампионатот за да можам да одморам по 18 години пресметка на највисоко ниво. Досега ништо не се променило во мојата одлука. Ниту сум разговарал со некого, ниту некој мене ме побарал. Искрено, во овој момент и не ми се зборува за Формула 1“, вели Алонсо.

Алонсо како дел од Тојота може да учествува на релито Дакар на почетокот на 2020 година, но тоа сè уште не е официјално потврдено.