Сем Кендрикс од САД успеа да го одбрани златото во скок со стап на СП во Доха. Тој беше подобар од шведскиот тинејџер Арманд Дуплантис во финалната серија.

Кендрикс победи, откако Дуплантис не успеа три пати да ја надмине висината 6.02 метри.

Кендикс го освои вториот златен медал на Светските првенства откако го освои и во 2017 година во Лондон.

Полјакот Пиотр Лосек беше третопласиран и го освои бронзениот медал.