Блескав настап и блескава победа од 4:1 на нашата најдобра женска репрезентација во вториот квалификациски меч за ЕВРО 2021. Македонките во целост ја надиграа селекцијата на Казахстан и со 4:1 ја победија. Секако дека во центарот на вниманието беше тандемот Андонова – Рочи, кој ги постигна сите четири гола за нашата селекција. Ова се првите три бода освоени го групата Г.

Во првиот дел апсолутна доминација на нашите девојки. Веднаш почнаа со агресивна игра, и многу бргу, преку капитенот Андонова, уште во 6. минута дојдоа во водство. Следуваше голот на Рочи осум минути подоцна за 2:0, додека Андонова од пенал во 28. минута веќе зголеми на 3:0. Со тој резултат се замина на пауза. 

ГОЛЧИШТЕ НА МЈАСНИКОВА!

Во вториот дел нашата репрезентација не форсираше многу, едноставно мирно ги чуваше тие 3:0 знаејќи дека за три дена ја чека тежок дуел со Србија, исто така во Скопје. Сепак треба да се одбележи силниот удар на Рочи во 69.минута од огромна далечина, кој заврши во дирекот на Железниа, голманката на Казахстан. И така беше се до 73.минута кога Казахстан успеа да го намали резултатот со голот на Мјасникова. Тоа беше прекрасен гол од речиси 35 метри и повеќе, нешто оддесно директно од слободен удра. Тоа беше грешка на голманката Панлчурова. Очигледно дека Рочи се налути, па само две минути подоцна постигна убав гол за 4:1. На крај да споменеме дека Македонија мечот го заврши со фудбалерка помалку зошто Живиќ во 82.минута доби втор жолт картон, во последните секунди и казахстанката Гастенова доби втор жолт, односно црвен.

МАКЕДОНИЈА – КАЗАХСТАН 4:1 (3:0)

Стадион на ФФМ во Скопје. Судија: Јустина Лавреноваите (Литвабија). Стрелци: Андонова 6., (п) 28, Рочи 14., 75. (МАК), Мјасникива 73. (КАЗ). Ж.  Картони: Трајковска, Андонова, Живиќ (МАК), Каирулина, Гастеинова, Кожкамет (КАЗ). Ц. Картони Живиќ 82. (МАК), Гаистенова 93. (КАЗ).

МАКЕДОНИЈА: Панчурова, Бошевска, Николовска, Ангеловска, Живиќ, Ристовска, Трајковска, Јаковска (85. Костова), Максути (73. Мустафа), Андонова, Рочи (84. Димоска)

КАЗАХСТАН: Железниа, Алтимова, Мјасникова, Кулмагамбетова, Киргизбаева, Каирулина, Вјалданова (46. Кожакмјет), Жумбакузи (46. Гаистенова), Бабшук, Карибајева, Сатлер (19. Демидова).