Минатата сезона Ван Дајк ја освои наградата за најдобар дефанзивец во Премиер лигата, а беше во конкуренција за наградата најдобар играч на светот според ФИФА. Причината е што игра во врвна форма, напаѓачите се жалат дека против него тешко се игра и дека не изгубил ниту еден дуел…

Хммм. После она што напаѓачот на Салцбург, Кореецот Хванг му го направи почнуваме да се сомневаме во таа теорија… Кореецот убаво го испружи Холанѓанецот на тревата и ја затресе мрежата на Ливерпул во мечот од 2. коло на ЛШ.