Денеска во 16 часот, младинскиот тим на Шкендија ќе го одигра првиот квалификациски натпревар во младинската ЛШ против Динамо Киев. Мечот се игра на легендарниот стадион „Валери Лобановски“.

Откако постои ова натпреварување, односно нашиот шампион игра во младинската ЛШ (шампионски пат), наш тим нема минато ниту едно коло. Вардар беше поразен од Салцбург, додека Шкендија не успеа да ја мине Нитра пред две години.

Дека избраниците на Менсур Јакупи ќе си имаат работа со сериозен тим, говори фактот дека на истиот стадион во февруари, Динамо Киев го совлада Јувентус со 3:0 и го елиминираше, а потоа украинскиот тим беше елиминиран од Хофенхајм на пенали.

Познати се и судиите за овој меч, а тоа е Рауф Јабаров од Азербејџан. Помошници ќе бидат неговите сонародници Амирали и Хусејинов.