Барселоне не импресионираше во досегашниот тек на сезоната, додека Интер е лидер во Серија А, но ни тој не заблеска на премиерата на Лигата на шампионите. Поради тоа и ова би можело да биде исклучително неизвесен натпревар. Овие екипи и лани беа во иста група во најсилното европско натпреварување (тогаш со Тотенхем и ПСВ) и Барса победи дома со 2:0, додека во Милано беше нерешено 1:1 (Каталонците и Англичаните поминаа понатаму, а Италијанците се преселија во Лига Европа).

ЛШ – Група Ф (2.коло)

БАРСЕЛОНА – ИНТЕР
Среда, 21.00
Шифра: 6450

Наши предлози
КТ           1              1,65
ВГ           2-3          2,05
* Квотите подлeжат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ НА ОВОЈ ЛИНК

Инаку, единицата е најчест исход во нивните меѓусебни пресметки, барем кога се во прашање натпреварите под капата на УЕФА. Притоа, „нероаѕурите“ во четири меча во ЛШ на „Ноу Камп“ не успеале да постигнат ни гол.

Најголемата ѕвезда на Барселона Лео Меси поради повреда го пропушти саботниот натпревар со Хетафе. Аргентинецот цело лето беше повреден и се врати на теренот дури во 1. коло на ЛШ против Дортмунд, и тоа како замена. Тие денови  изјави дека се чувствува уморно и вон ритам, додека после неговата нова повреда тренерот на Барса Ернесто Валверде изјави дека таа не е сериозна, но и дека не е сигурен кога Меси ќе биде спремен поради што тргнаа разни „теории на завера“.

Тренерот на Интер Антонио Конте нема кадровски проблеми, меѓутоа, „нероаѕурите“ во последните 12 европски натпревари во гости славеле само двапати, а кога се работи за натпреварите во Шпанија последниот триумф го забележале пред 15 години во Валенсија.

Во крајниот збир се добива единица како најреален исход, меѓутоа, доколку во претходните месец и пол Барса ви ги туркаше тикетите или верувате во цутот на Интер определете се за 2-3.