Тотенхем оваа сезона игра очајна сезона, а синоќа против Баерн го доживеаја најтешкиот пораз во последните 10 години, откако примија седум голови.

Дека нешто не е во ред во лондонскиот тим може да се претпостави, а англиските медиуми откриваат шокирачки скандал. Биле заострени односите меѓу Јан Вертонген и Кристијан Ериксен.

Причината наводно била тоа што Белгиецот спиел со сопругата на Ериксен, а оваа приказна се проширила и на социјалните мрежи.

Официјални информации нема, но при заминувањето од Тотенхем кон Атлетико, Киран Трипие само кратко истакна: „Во екипата се одвива вистинска драма, ама не сакам да зборувам за тоа“.